Три килограми за три дена: Светот полуде по диетата со мандарини!

На љубителите на мандарини би можела да им се допадне исхраната во која ова овошје го има главниот збор, а која наводна дава одлични резултати кога е во прашање губењето на вишокот килограми.
Познато е дека цитрусите добро влијаат на дигестивниот трак на човекот, а во таа група намирници особено се истакнуваат мандарините.
Во 100 грама мандарини се содржат околу 50 калории, но и импресивни 30 милиграма витамин Ц. Исто така, содржат фолна киселина, калиум, железо, магнезиум, витамините Б1, Б2 и Б3, а богати се и со влакна.


Освен што истражувањата покажуваат дека редовната консумација на мандарини помага во превенцијата од срцев удар, дијабетес, мозочен удар, етеричните масла што се добиваат од кората на мандарините се користат за опуштање, како и за борба со несоница.
Интересно е што мандарините можат да го прочистат организмот од токсини и да ви помогнат да симнете по некој килограм.
Затоа е сè популарна диетата со мандарини, односно тридневната детоксикација при која потребно е да се придржувате на оваа мени.
Прв ден
Појадок: два децилитра сок од мандарини без шеќер или 5 мандарини, 2 варени јајца кафе или чај без шеќер
Ручек: 5 мандарини, 250 грама сезонска салата со лимонов сок, кафе и чај
Вечера: 150 грама варено немасно месо, 200 грама зелена салата со сок од лимон, чај со мед
Втор ден
Појадок: два децилитра сок од мандарини без шеќер или 5 мандарини, две варени јајца, кафе или чај без шеќер.
Ручек: 5 мандарини, 50 грама полномасно сирење
Вечера: 200 грама риба, зелена салата
Трет ден
Појадок: 5 цели мандарини, две лажици овесни снегулки измешани со една лажица суво грозје, кафе со засладувач
Ручек: 5 мандарини, 1 шолја бистра или супа од зеленчук, неколку крекери
Вечера: 200 грама пилешко, зелена салата
Во текот на траењето на оваа диета важно е да пиете минимум два литра вода, пишува BetterMe.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.