Три компании ќе изградат месечев автомобил за астронаути


НАСА ги избра компаниите Intuitive Machines, Lunar Outpost и Venturi Astrolab за изработка на лунарни теренски возила за истражување на Месечината. Со потенцијална заработка од 4,6 милијарди долари во текот на 13 години, овој потфат е битен чекор напредо во истражувањето на Месечината во рамките на програмата Artemis.

Трите компании ќе имаат за цел да дизајнираат возила способни за навигација во екстремни услови на Месечината и кои можат да примат двајца астронаути во костими. Ќе се користат за патување до локации до кои инаку не би можело да се дојде пеш, со што се зголемува способноста за истражување и нови научни откритија, вели Џејкоб Бличер, главниот научник за истражувања во Управата на НАСА за мисии за развој на истражувачки системи.

Intuitive Machines, компанија која е позната по својата умешност за слетување на Месечината, влезе во историјата како првата приватна компанија која слета летало на Месечината. Меѓутоа, нивното достигнување небеше целосно поради несреќното странично слетување на лендерот, кое е прво од топ тип во над 50 години.

Програмата Artemis наНАСА настојува да воспостави одржливо присуство на Месечината, односно е отскочна штица до крајната цел – човечки мисии на Марс. Првично предвидена за крајниот рок 2024 година, кој го постави поранешниот потпретседател Мајк Пенс, мисијата Artemis II сега го зададе септември 2025 година, а за Artemis III септември 2026 година.

Процесот на развој на месечевите возила вклучува студија на изводливост проследена со предлог демонстрациска мисија, која кулминира со поставување и валидација на површината на Месечината пред мисијата Artemis V. Роботските можности на тие возила ќе овозможат научни истражувања во текот на цела година, дури и во периодот без присуство на екипаж.

Извор: The Verge

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: