Три лица повредени во сообраќајна несреќа близу Велес

На патниот правец Дреново–Градско, близу ѓирот за автопатиот кој води кон Велес, се случила сообраќајна несреќа во која учествувало возило „фолксваген голф“ со таблички од Прилеп. Возачот, М.А. (74 години) од Прилеп, изгубил контрола и излетал од патот. Тежок повреди претрпела сопатничката во возилото, Љ.А. (70 години), додека возачот и другиот сопатник, Ц.Б. (65 години), исто така од Прилеп, задобиле повреди. Тие биле пренесени во Општата болница во Велес, каде им била укажана медицинска помош. Случајот го истражува увидна екипа од СВР Велес.

Пронајдете не на следниве мрежи: