Вчера во 14.30 часот на булвер „Партизански одреди“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „априлија“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.А.(19) од Скопје и мотоцикл „баотиан“, со скопски регистарски ознаки, управуван од З.Л.(47) од Скопје.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил З.Л. и бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Додека, со телесни повреди се здобиле Б.А. и неговиот сопатник А.М.(18) од Скопје и им била укажана лекарска помош во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.