Три сестрички на возраст од 6, 9 и 11 години биле силувани и убиени во сојузната индиската држава Махараштра, јави локалната телевизија NDTV, што повторно ја разгоре темата за справување со распространетата практика на злоставување на жените и децата во втората најнаселена држава во светот.Девојчињата кои потекнуваат од сиромашно семејство не биле видени од 14-ти февруари кога исчезнале враќајќи се од училиште во областа Бухандара. Четири дена подоцна, нивните тела биле најдени фрлени во јама. Според нивниот дедо, несреќните девојчиња отишле по некој непознат човек кој им ветил дека ќе им даде храна.Локалната полиција формирала 12 тимови коишто го испитуваат ова гнасно злосторство, но локалните жители тврдат дека властите првично се обиделе да го прикажат злосторството како „несреќен случај“ и почнале да преземаат мерки за поинтензивна истрага, откако жестоко протестирало локалното население. Главниот министер на државата Махараштра, Притхвираџ Чаван го повика локалното население да остане смирено.Според податоците на Human Rights Watch објавени пред две седмици, во Индија чести се физичките и сексуалните злоставувања на деца, додека полицијата наместо да ги спречи таквите појави, ги злоставува и ги понижува жртвите.Сексуалното злоставување во индиското општество не е нешто непознато, а од друга страна владините системи за справување со овој проблем се неадекватни. Истражувањето во 2007 година покажало дека две од три деца во Индија се физички злоставувани, а 53 отсто од испитаните 12.300 деца пријавиле дека се и сексуално нападнати.Други истражувања покажуваат дека годишно 7.200 деца, меѓу кои и бебиња, се сексуално злоставени. Се претпоставува дека бројот силувани деца е многу поголем, затоа што не се пријавуваат овие кривични дела.Пред десет дена во Њу Делхи беше објавена е студијата „Прекин на молкот: Сексуално злоставување деца во Индија” во која се наведува дека властите, не само што не успеваат да ги заштитат жртвите од сексуално злоставување, туку и не прават ништо да им помогнат.Во извештајот се наведува дека децата минуваат низ дополнителна тортура и злоставување одејќи на трауматични прегледи кај лекарите кои не сакаат да го прифатат фактот дека детето е злоставувано.Иако властите имаат сериозна намера да се зафатат со проблемот, за да ги заштитат децата, Human Rights Watch наведува дека тоа нема да биде можно без потполна реформа.Имено, децата најчесто се злоставувани од роднини, соседи, пријатели на родителите или се злоставувани во училиште, во домовите за деца без родители и повеќето случаи никогаш не се пријавуваат, затоа што за родителите тоа е срамота.Инаку, индискиот парламент, дури минатата 2012 година, ги прогласи сите облици на сексуално злоставување на децата за казнено дело.Сепак, активистите сметаат дека самиот закон не може многу да промени. Потребно е менување на ставовите и начинот на размислувањето на луѓето, полицијата, лекарите, но и претставниците на власта.Темата за насилството и честите случаи на силувања на жените стана особено жестоко прашање во Индија, откако ланскиот декември група мажи брутално ја силуваа и претепаа 23-годишната студентка Џоти Сингх во автобус во индиската престолнина Њу Делхи, по што таа почина во болница во Сингапур.Оваа трагедија предизвика жестоки масовни протести низ целата земја со барања да се засили кривичната одговорност за кривични дела против жените и за подобрување на безбедносната ситуација на улиците на индиски градови како целина..Повеќето силувања и други сексуални престапи во Индија не се пријавуваат и ретко се казнувани, а жртвите на силувањето и сексуалните напади често тешко ги остваруваат своите права, нагласуваат активистите за правата на жените. Бруталноста на нападот во автобусот беше орозот за масовните протести и барања да се стори нешто за да се измени практиката на постапки против силувачите. Илјадници луѓе, претежно студенти, протестираа барајќи поголема безбедност за жените воопшто и подобро процесуирање на случаите на силување и сексуалните напади.По 2004 година смртната казна во Индија е извршена само двапати, во случај на силувач и убиец на една ученичка и за еден од напаѓачите од терористичкиот напад во Мумбаи во ноември 2008 година кога загинаа околу 160 луѓе.Во Индија последните години има и многу повеќе реакции против идејата за одговорноста на силуваните жени. Здруженијата за заштита на правата на жените сметаат дека индиската јавност и натаму не ги согледува вистинските обеми на нападите и силувањата, чиј број се зголемил за повеќе од двојно во периодот меѓу 1990 и 2008 година.Њу Делхи кој има 16 милиони жители, има и највисока стапка на сексуални злосторства меѓу големите индиски градови со едно пријавено силување на секои 18 часови, според полициската статистика.Властите како одговор на барањата на јавноста започнаа да формираат низ целата земја судови за забрзана постапка коишто во најкус рок се задолжени да ги разрешат случаите на силување. Претседателот Пранаб Мукерџи во февруари потпиша декрет за поостро санкционирање на кривичните дела сторени против жените, па отсега силувачите може да се соочат со смртна казна.
МакфаксТри сестрички на возраст од 6, 9 и 11 години биле силувани и убиени во сојузната индиската држава Махараштра, ја