Три месеци живеел на аеродром- причината никогаш нема да ви падне на памет

Адитија Синг (36), наводно, се плашел да лета со авион поради пандемијата на коронавирус, па поминал дури три месеци во обезбеден дел од меѓународниот аеродром во Чикаго, соопштила канцеларијата на државниот обвинител на САД.
При проверка на документите, тој и покажал на полицијата картичка за вработен на која пишувало „управител“, но вистинскиот сопственик го пријавил исчезнувањето на картичката уште во октомври, пишува Би-Би-Си.
Откриено е дека Синг од Лос Анџелес пристигнал на аеродромот О’Хара во Чикаго на 19-ти октомври.


„Чикаго трибјун“ пишува дека Синг рекол дека на аеродромот ја нашол службената легитимација на вработен во аеродромот и со оглед на тоа што бил премногу исплашен да се врати дома поради пандемијата на коронавирус, решил да остане на аеродромот.
Помошникот јавен обвинител Кетлин Хагерти на судското рочиште изјави дека успеал да преживее со помош на другите патници.
Синг живее во предградие на Лос Анџелес и, според јавниот бранител, нема кривично досие. Не е познато зошто останал во Чикаго.
Тој е обвинет за кривично дело упад во ограничено подрачје на аеродромот и кражба на лична карта. Забранет му е влез на аеродромот и ќе мора да плати кауција од 1000 долари.
Одделот за авијација во Чикаго, кој ги надгледува градските аеродроми, за медиумите објавил дека случајот се уште е под истрага, но утврдено е дека човекот не претставува безбедносен ризик ниту за аеродромот, ниту за патниците.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.