Три одлични начини да се ослободите од БОЛКАТА ВО ГРЛОТО по природен пат

Преодниот период помеѓу зимата и пролетта носи бројни настинки и вируси
Временскиот период кога дневните температури, утринските во однос на дневните, се движат и до 15 степени, е најлошиот период во годината за настинки, вируси и бактерии. Се наоѓаме во тој период од годината, па сега повеќе од кога било треба да знаеме домашни рецепти кои ќе ни помогнат брзо и лесно да ги исфрлиме бактериите и да се ослободиме болката во грлото.
Чај од нане или камилица
Овие чаеви се полни со антиоксиданси и можат да помогнат при болки во грлото. Имаат антивоспалителни својства, па помагаат при воспаленија
Гаргара со солена вода
Потребна ви е млака вода во која ќе помешате малку сол и ќе направите гаргара. Може да го ублажи воспалението и да ги исчисти дишните патишта. Ова треба да се повторува на секои пет часа.
Лажичка мед
Без разлика дали кашлате или грлото ви е иритирано, може да ви помогне една лажичка мед. Можете да го растворите во млеко или во вода со куркума. Антибактериските својства на медот можат да ја ублажат болката.

Пронајдете не на следниве мрежи: