Три причини да ги оставите газираните пијалаци

Ако редовно пиете газирани пијалаци, обидете се да ги намалите, заменете ги со вода или чај. Во зима дури би требало да е полесно да го направите тоа, бидејќи веќе не е толку жешко и нема постојана потреба да се пијат ладни пијалаци.
1.Ја зголемуваат гладта за шеќер
Според едно ново истражување, објавено во научното издание Gastroenterology, газираните пијалаци го залажуваат мозокот дека пијалaкот е помалку благ отколку што навистина е. Поради тоа организмот одлучува дека има потреба од уште шеќер. Така апетитот се зголемува и желбата за јагленохидрати се зајакнува.


2.Истото важи и за „здравите води“
Бидејќи тие се исто така газирани, ефектот на апетитот е иста како и на газираните пијалаци со шеќер.
3.Некои истражувања покажуваат дека газираните пијалаци штетат специфично на мажите
Според едно од нив, објавено пред околу една година во American Journal of Clinical Nutrition, еден газиран пијалак на ден го зголемува ризикот од развој на рак на простата. Истражувањето беше спроведено во текот на 15 години и покажа дека мажите кои секојдневно пиеле по 300 мл газирано, биле изложени на 40% поголем ризик од развој на рак на простата.
Други истражувања покажуваат врска помеѓу редовното консумирање на газирани пијалаци и зголемен ризик од кардиоваскуларни болести, како и за развој на прекумерна тежина.
Ако имате склоност да претерувајте со газирани пијалаци, најдобро е да се обезбедите со резерви минерална вода и дома и во канцеларија. Така секогаш ќе имате со што да ја задоволите својата жед, а и ќе се зголеми внесот на вода, што е корисно за здравјето.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.