Тиндер, апликацијата за запознавање, спроведе истражување за да ги утврди, меѓу другото, трите работи кои дамите сакаат мажите да ги прават на првиот состанок.Во истражувањето учествувале 8.000 мажи и жени на возраст од 18 до 24 години. Дури 91 отсто од мажите и 94 отсто од жените се согласиле дека е тешко да се најде љубов во последните неколку години.Поголемиот дел од слободните (53 проценти од мажите и 68 проценти од жените) бараат сериозна љубовна врска. Тиндер потоа објави што навистина сакаат жените кога првпат излегуваат со потенцијален партнер:
Да се погрижат мажите за тие(жените) безбедно да се вратат дома (55 проценти од жените го кажале ова)
Да го спуштаат телефонот додека разговарате со нив (55 проценти)
Да дадат искрени комплименти (50 проценти)
„Луѓето сакаат врски повеќе од кога било, но на начин кој не е избрзан или неискрен. Во модерните времиња, тие сакаат да зборуваат за важни прашања и долгорочни цели и да се поврзат на значајни начини“, наведува Тиндер.