Белгиските царински служби заплениле три тона марихуана во пристаништето во градот Антверпен.
Царинските службеници во белгискиот пристанишен град Антверпен заплениле околу три тона марихуана при рутинска инспекција на еден од пристигнатите бродови, објавија локалните медиуми во петокот.
Бродот, во чија внатрешност била откриена дрогата, допловил во Антверпен од Пакистан преку Оман. Канабисот бил скриен во кутии со пакување за салфетки.
Дрогата била откриена минатата сабота, меѓутоа информацијата е потврдена дури денеска. Белгиската полиција само потврдила дека истрагата за овој обид за транспорт на големо количество марихуана очигледно наменето за западноевропскиот пазар, е во тек.
Макфакс
Белгиските царински служби заплениле три тона марихуана во пристаништето во градот Антверпен.