Три утрински пијалоци за регулирање на варењето и зајакнување на имунитетот

Започнувањето на денот со здрав пијалок може да има големо влијание врз нашата енергија, расположение и варење. Телото се буди наутро и му е потребен нежен поттик за да го започне метаболизмот и да го зајакне имунолошкиот систем. Наместо веднаш да посегнат по кафе, разни експерти препорачуваат други пијалоци кои помагаат во балансирањето на дигестивниот систем.

Ваквите пијалоци не само што помагаат во варењето, туку и придонесуваат за подобра апсорпција на хранливи материи во текот на денот. Значи, според разни консултанти за исхрана, ова се три утрински пијалоци кои придонесуваат за регулирање на варењето и зајакнување на имунитетот.

Топла вода со лимон

Еден од најпознатите и наједноставните пијалоци за утрото е топлата вода со лимон. Овој пијалок ја стимулира работата на цревата, помага во исфрлањето на токсините од телото и има алкален ефект, што ја балансира pH вредноста на телото. Експертите за исхрана истакнуваат дека е важно да се пие на празен стомак за да се стимулира варењето и да се подготви телото за внесување храна. Покрај тоа, лимоните се богати со витамин Ц, кој помага во зајакнување на имунитетот и ги штити клетките од оксидативен стрес.

Зелен чај

Зелениот чај е познат по тоа што содржи антиоксиданси, особено катехини, кои го поддржуваат имунолошкиот систем и ги намалуваат воспалителните процеси во телото.

Редовното пиење зелен чај може да помогне во регулирањето на варењето на храната, а исто така да придонесе за подобро согорување на мастите. Според разни консултанти за исхрана, зелениот чај е добар избор за оние кои сакаат блага доза на кофеин, но и долготрајно чувство на енергија без нагло опаѓање како по кафето.

Кефир

Кефирот е ферментиран пијалак богат со корисни бактерии кои ја зајакнуваат цревната микрофлора и го поддржуваат имунолошкиот систем. Редовното консумирање кефир наутро може да ги намали дигестивните нарушувања како што се надуеност и бавно варење.

Важно е да се изберат природни, незасладени сорти, бидејќи додадените шеќери можат да ги намалат неговите корисни ефекти. Овој пијалок е особено корисен во периоди кога имунитетот е ослабен, како на пример за време на промената на годишните времиња.
The post Три утрински пијалоци за регулирање на варењето и зајакнување на имунитетот appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: