Три чекори до мирен сон

Во совршениот свет виe би спиеле барем 8 часа, во длабок сон. Меѓутоа, секојдневниот стрес влијае на лачењето на кортизолот, хормон кој го попречува здравиот сон. За среќа, на некои работи може да се влијае.
Изложете го телото на сончеви зраци
Обидете се да, во рок од 5 минути откако сте се разбудиле, да се изложите на сончеви зраци барем половина час за вашиот организам да сфати дека е време за будење. Неодамнешното истражување покажа дека оние работници, кои во текот на денот одредено време биле изложени на природно светло, во текот на ноќта спијат 46 минути подолго од своите колеги.
Вежбајте исклучиво во утринските часови
Утринските вежби не само што го намалуваат нивото на кортизол во наредните 12 часа, туку и 30 минутните кардио вежби ви овозможуваат навечер побрзо да заспиете, да спиете подолго и да поминете за 75 проценти повеќе време во состојба на длабок сон од луѓето кои се навикнати да вежбаат во попладневните часови.
Истиот ефект го има и јогата.
Јаглените хидрати консумирајте ги навечер
Лачењето на инсулин, кое е особено изразено по оброкот богат со јаглехидрати, би можело да помогне побрзо да заспиете, покажаа резултатите од едно истражување, објавено во магазинот „Cell“.
Ограничете се на 15-20 грама јаглехидрати.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.