Кенија Смит (27 г.) е Американка која во еден момент од животот имала проблеми со одењето во тоалет, а не ни знаела ниту била свесна дека цело време имала сериозен здравствен проблем.
За еден месец повеќе од 50 луѓе ја прашале дали е бремена – нејзиниот стомак постојано растел, толку многу што веќе не можела ниту да спие. Таа ги убедувача луѓето дека не е бремена, но многумина не и верувале. Поради нејзините необични симптоми, посетила многу доктори, но ниту тие не можеле да откријат за што се работи. Стомакот постојано растел, а никој не знаел за каков здравствен проблем се работи.
По неколку месеци, додека стомакот се повеќе и повеќе растел, таа самоиницијативно отишла на ултразвук. Таа открила дека има циста исполнета со течност на десниот јајник. Работата да биде уште полоша, таа тежела околу девет килограми. По операцијата која и го спасила животот, од стомакот и биле исцедени десет литри течност и и бил отстранет десниот јајник.
@kenyaksmith Timeline of my stomach and how fast it grew! If you would like to hear the whole story it’s a few videos down. I’m in a red top and there are 4 parts to the crazy story! #fyp #ovariancyst #ovariancystawareness #ovariancysts #health #crazystory #storytime #greenscreen ♬ original sound – Kenya Smith
„Да не се лекував, болеста ќе продолжеше да расте и ќе ми ги здробеше белите дробови. Ќе се задушев. Сакав веднаш да го извадат тоа, бидејќи буквално гладував и не можев ништо да направам. Не можев да јадам, бидејќи немав место во стомакот. Имав многу болки. Пиев само смути, а стомакот ми растеше со алармантна брзина последните неколку недели пред операцијата. Навистина беше страшно“, објаснува Кенија во емотивно видео објавено на социјалната мрежа ТикТок.
Иако имала труднички стомак, Кенија објаснила дека е тој бил многу мек на допир. Таа има три деца, а по последното породување, нејзиниот стомак никогаш не се намалил. Кога престанала да дои, шест месеци подоцна, нејзиниот стомак почнал да расте.
„Главните симптоми кои ме натераа да одам на доктор беа тешкотиите со одењето во тоалет. Понекогаш сакав да спијам на стомакот, но забележав дека не можам. Секогаш кога сакав да јадам, се чувствував непријатно. Не бев гладна. Мислев дека можеби се работи за дигестивен проблем или дека сум развила некаква алергија на храна“, продолжува Кенија, која била прегледана од пет различни специјалисти.
„Бев прилично упорна. Отидов кај неколку доктори, пребарував на интернет, барав насекад помош“, го опишува Кенија овој необичен медицински феномен.
„Кога моите ребра почнаа да ми се дробат, беше многу болно. Не можев да го поднесам тоа психички. Се чувствував како моето тело да е туѓо, а не мое. Не можев да ги натерам докторите да го разберат тоа, тоа беше фрустрирачко. Тие често кажуваа: ‘Добро, се гледаме за еден месец’, а јас им кажував: Не можеме да чекаме еден месец. Ајде да се справиме со тоа сега или утре“, кажува Кенија, повикувајќи нè да ги слушаме нашите тела и да не се откажуваме ако забележиме промени.
Пронајдете не на следниве мрежи: