Трошењето буџетски пари во Собранието ќе го истражува Антикорупциска

Како се трошат буџетските пари во државните, и во јавните институции и друштва ќе испитува Државната комисија за спречување на корупцијата. На мета ќе биде Собранието и користењето на патни трошоци, а ќе се испитуваат и одлуките за користење службени возила, за репрезентации, надоместоци за превоз, за стан, за одвоен живот.
Исто така отворена е постапка и за вработување на блиски лица во Министерството за локална самоуправа и за користење возила за приватни цели. Антикорупциската комисија ќе ги испитува и начините на кои е извршен избор на канцелариските простории на поранешните претседатели на државата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.