Тројца загинати и стотина повредени во Бостон

Најмалку тројца загинати и повеќе повредени е досегашниот црн биланс од двете силни експлозии штоп одекнаа во понеделникот недалеку од целната рамнина на славниот маратон во Бостон, а иако засега неа индиции кои е одговорен за експлозиите, Белата куќа објави дека станува збор за терористички акт.

Станува збор за најтешкиот бомбашки напад на американска територија, откако по терористичките напади од 11-ти септември 2001 година за кои одговорноста ја презема глобалната терористичка мрежа Ал Каеда се засилени безбедносните мерки. Американскиот претседател Барак Обама изјави дека сé уште не е познато кој стои зад експлозиите во Бостон, но дека „поединците или групите кои тоа го изведоа ќе одговараат за своите дела”.
 „Не знаме кој тоа го стори и зошто, но не смееме прерано да заклучуваме додека ги немаме сите факти. Поединците или групите одговорни за нападите ќе договараат”, изјави американскиот претседател Барак Обама во обраќањето до јавноста и нагласи дека САД сигурно ќе го најдат сторителот.

 Засега нема уапсени, а неименуван функционер на Белата куќа изјавил дека во прв ред треба да се утврди дали се одговорни домашни или странски напаѓачи.
 Полицијата објави дека на подрачјето на Бостон се пронајдени уште пет експлозии направи кои не биле детонирани.
 Двете експлозии одекнаа во интервал од 12 секунди на улицата Добра волја веднаш кај целта на познатиот Бостонски маратон, додека многу маратонци и гледачи се наоѓале во близината. Според американската телевизиска мрежа CBS, двете бомби биле поставен во канти за отпадоци. Повиците со поддршка за маратонците по експлозиите се претворија во вресоци на паника и ужас, јавува репортерот на телевизијата.
 Експлозиите кои одекнаа во 2.50 часот по времето на источниот брег на САД загинати се три лица од кои едно 8 годишно дете а повредени се 140 лица од кои најмладиот е на две години, официјално се третираат како „координиран терористички напад”. Повеќето од ранетите имаат тешки повреди од парчиња од бомбите. На местото на нападот брзо пристигнале амбулантни возила а повредените со префрлени во блиските болници.
 На маратонот во Бостон учествувале 23 илјади тркачи, а се проценува дека трката по улиците на градот ја следеле повеќе од половина милиони луѓе.

 Американскиот претседател Барак Обама соопшти дека на администрацијата и' одобрил зголемување на подготвеноста низ САД, онаму каде што тоа ќе биде потребно, како и дека за бомбите кои експлодираа во Бостон разговарал со челните луѓе на федералното истражно биро FBI и на Министерството за национална безбедност.
 Обама ја пофали „херојската акција” на припадниците на бостонската полиција, на противпожарните служби и на персоналот од болниците кои први пристигнале на помош на повредените на местото на нападот.
Најмалку тројца загинати и повеќе повредени е досегашниот црн биланс од двете силни експлозии штоп одекнаа во понеделн

Пронајдете не на следниве мрежи: