Тројца загинати, повредена турската амбасадорка во сообраќајка кај Приштина

Како што јави дописникот на МИА од Приштина тешка сообраќајна несреќа во која учествувало и службеното возило на Амбасадата на Турција во Косово, во кое била и амбасадорката Кивилчим Килич, се случила синоќа на магистралниот пат Приштина-Гњилане.
Во сообраќајката учествувале три возила, од кои едното е на Турската амбасада и дека на местото на настанот починале две лица, се наведува во првичното соопштение на косовската полиција. Малку подоцна медиумите објавија дека нешто по 19 часот починало уште едно од повредените лица, па  билансот на несреќата е тројца загинати.
Меѓу повредните е и амбасадорката Килич, која заедно со останатите четворица повредени е пренесена во Универзитетската клиника во Приштина, потврди полицијата, но не наведе дали е потешко или полесно повредена. Сепак, неофицијално се дознава дека таа не е во животна опасност, а и од Амбасадата на Турција во Приштина соопштија дека таа го добила соодветниот медицински третман и дека состојбата и е стабилна.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.