Тројца повредени работници пренесени на Клинички, двајца се со полесни повреди

Во Ургентниот центар се однесени тројца повредени градежни работници од кои двајца се со полесни повреди и контузии. Третиот пациент е со скршеници на двете потколеници и на едната натколеница, информира Министерството за здравство.
         Се следи здравствената состојба на повредените лица и продолжува нивниот медицински третман, велат од здравство.
Нереќата се случи утрово во околу 08 часот во Кисела Вода при ископ на нова зграда. Првичните информации на МВР беа дека се тројца работници, но последните информации говорат дека се работи за вкупно четворица работници од кои еден е загинат.

Пронајдете не на следниве мрежи: