Трудница го покажа ,,џиновскиот” стомак и сите мислеа дека носи тројки: Кога се породи, сите останаа без зборови (видео)

Бременоста е најубавиот, но и предизвикувачки период во животот на идната мајка. Секоја жена има различна големина и облик на својот стомак за време на благословената состојба што зависи од многу фактори, пред сè од големината на бебето што го носи.Алиша Еванс од Австралија била витка, ситна жена пред да забремени. Таа во осмиот месец од бременоста го фотографирала својот огромен стомак во кој луѓето зачудено зјапале, пишува британски Сан.Таа немала никакви проблеми во бременостаИако многумина мислеа дека носи близнаци, таа објасни дека има само едно бебе во огромниот стомак. Таа се пошегува за својата бременост во видеото кое го објави на TikTok од тој период.– Осум месеци бременост и хормони, а мојот вереник има храброст да направи и најмала промена во тонот на гласот – напиша таа во објавата.Алиша откри дека немала никакви проблеми за време на бременоста, дека сè е во најдобар ред и дека не носи близнаци или тројки како што многумина претпоставуваа.Таа беше фотографирана во мали шорцеви и спортски градник, па во преден план беше нејзиниот огромен стомак кој привлече големо внимание на социјалните мрежи. Луѓето зјапаа во нејзиниот стомак, а клипот беше прегледан повеќе од 2,1 милиони пати.– Извини, и твојот вереник е внатре?!– Извинете, 8 месеци? Дали тоа беше печатна грешка? Мислеше на 8 години?– Тоа бебе живее во пентхаус со 5 кревети и 3 бањи.-Дали очекуваш близнаци, душо?– Не, само едно бебе е внатре – одговори Алиша.– Кажете ми дали носите тројки – беа само дел од коментарите на нејзината објава.Сепак, сè стана појасно кога Алиша еден месец подоцна го роди синот, кој при раѓањето тежеше 4,5 килограми.

Пронајдете не на следниве мрежи: