ТРУЕЛ КУЧИЊА СО САЛАМА ПОТОПЕНА ВО ОТРОВ Жител на Kавадаречко обвинет…

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Предлог за издавање казнен налог против 32-годишен жител на селото Глишиќ, обвинет за кривични дела – Предизвикување општа опасност од член 288 став 4 во врска со став 1 и Мачење животни според член 233 став 1 од Кривичниот законик.

Ахмети: Албанскиот народ ќе го чува албанскиот јазик
Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети вечерва од Врапчиште каде присуствуваше на средба со граѓани, рече дека очекува од сите политички партии на Албанците во земјава, но и …
Само 2 дена пред нејзината смрт, кралицата Елизабета ги напишала овие зборови: „Дојде да ме види…“ Многумина мислат дека тој бил последниот што ја посетил (фото)
Кралицата Елизабета почина на 8 септември 2022 година на 97-годишна возраст.Веста за смртта на кралицата Елизабета на 8 септември 2022 година го изненади светот . Кралицата почина на 97-годишна возраст и зад себе …

Како што информира државното Јавно обвинителство, обвинетиот на 9 ноември исекол неколку парчиња салама, ги напрскал со токсичен препарат наменет за прскање и заштита на винова лоза, ги ставил во ќеси како мамка и ги оставил пред незаградениот двор на семејна куќа.

„Иако бил свесен дека во куќата живеат четири семејства и постојано има голема фреквенција на луѓе, како и дека поради таквото негово дејствие може да настапи штетна последица, тој сепак лекомислено сметал дека штетната последица може да ја спречи или дека таа нема да настапи, па на тој начин предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето. Мамките со отров ги развлекло и ги јадело куче без сопственик, кое се отруло и починало“, соопшти ЈОРСМ.

Наведува дека поради сите околности, вклучително и тоа што обвинетиот претходно не е осудуван и фактот дека го признал делото пред јавниот обвинител и изразил каење, до Основниот суд во Кавадарци доставен е предлог да изрече алтернативна мерка – условна осуда со утврдена затворска казна која нема да се изврши доколку обвинетиот во дадениот временски рок не стори ново кривично дело.

Исто така, до судот е предложено тој и парично да се казни со 30 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 10 евра во денарска противвредност.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.