Тунискиот премиер Џебали поднесе оставка

Премиерот на Тунис, Хамад Џебали објави во вторникот дека поднесува оставка бидејќи не успеаја неговите обиди да формира технократска влада.„Ветив дека доколку не успеат моите иницијативи ќе поднесам оставка, и тоа го сторив“, изјави премиерот Хамад Џебали во телевизиското обраќање по средбата со претседателот Монсеф Марсуки.Џебали како премиер предложи формирање влада која ќе биде составена од технократи за да се спречат протестите кои избувнаа по убиството на опозицискиот политичар Чокри Белад.„Разочарувањето на нашиот народ во политичката елита е големо и оваа класа мора повторно да ја воспостави довербата“, рекол Џебали. Побарал од сегашните министри да продолжат да ги извршуваат своите должности за да може државата да функционира.„Неуспехот на мојата иницијатива не значи неуспех на Тунис и револуцијата“, нагласил Џебали повторувајќи дека итно треба да се одреди датум за одржување на новите избори/Во Тунис коалицијата на секуларистите со левицата и исламистите од Ебахде со месеци наназад не успеваат да се договорат за распределбата на главните министерски портфељи. Новите избори не може да се одржат пред носењето на уставот чијашто подготовка веќе со месеци е блокирано поради изостанувањето на договорот во Уставотворното собрание востановено во октомври 2011 година.
Тунис од летото 2012 година е потресуван од политичко и социјално насилство, што потекнува од стравот од дестабилизација на земјата две години по револуцијата со кога беше соборен долгогодишниот режим на претседателот Зине ел Абибидин бен Али со што започна ткн Аракспа пролет.
МакфаксПремиерот на Тунис, Хамад Џебали објави во вторникот дека поднесува оставка бидејќи не успеаја неговите обиди да

Пронајдете не на следниве мрежи: