Туристите се враќаат во Италија

По четиримесечната вонредна состојба поради епидемијата, голем број туристи се вратија во Италија, поточно во Венеција, по повод повторното отворање на Палацо Дукале, што се случи во саботата.
На настанот присуствуваа околу стотина посетители, домашни и странски, стоејќи во линија пред пултовите на палатата Доџо на 300 квадратни метри на Плоштадот „Свети Марко“. Илјада билети беа резервирани преку Интернет за целиот овој ден.


– Ова се силни емоции, ние сме исто толку возбудени, небаре како за прв ден на училиште. Имаше и луѓе кои утрово чекаа во редот од 8 часот и навистина сме возбудени, рече Марија Кристина Грибауди, претседателка на Фондацијата за градските музеи во Венеција.
Во палатата од 14. век, задолжително е да се носи маска и на секое место се поставуваат предупредувања за задолжителното запазување физичко растојание. Исто така, сите сали се под надзор, со цел спречување на евентуално групирање на луѓето.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.