ТУРИСТИ ВРИСКАЛЕ ПОРАДИ СЦЕНАТА НА ПЛАЖАТА! На брегот виделе ОБЕЗГЛАВЕНО тело, а потоа полицијата ја допрела …

Фрлена секс кукла пронајдена на плажа во Тајланд предизвика паника кај локалните жители бидејќи првично се мислеше дека е тело на жена, пишува ndtv. Спасувачките служби брзо се упатиле кон плажата, но таму откриле дека се работи само за кукла, што ги смирило стравувањата на мештаните.

Кога полицијата ја видела сцената од далечина, изгледало дека навистина се работи за тело. Меѓутоа, работите станаа појасни откако подетално го погледнаа „телото“…
ТУРИСТИ ВРИСКАЛЕ ПОРАДИ СЦЕНАТА НА ПЛАЖАТА! На брегот виделе ОБЕЗГЛАВЕНО тело, а потоа полицијата ја допрела …

Куклата е забележана на плажата Банг Саен во провинцијата Чон Бури во источен Тајланд на 18 август. На фотографијата, објавена на Фејсбук, се гледа како куклата лежи на плажа со маица навлечена на горната половина од телото. Откако го откриле „телото“, вознемирените жители повикале брза помош и полиција. Според портпаролот на окружната полиција Банг Саен, спасувачките екипи пристигнале на местото на настанот откако биле информирани дека „млада гола жена е во несвест“.

Кога полицијата ја видела сцената од далечина, изгледало дека навистина се работи за тело. Меѓутоа, работите станаа појасни откако подетално го погледнаа „телото“. Предметот е идентификуван како силиконска секс кукла со исчезната глава. Куклата се продава преку Интернет за 20.000 бати (околу 550 евра), соопшти полицијата.

Полицијата се сомнева дека куклата била фрлена во река или канал, а потоа измиена на плажата. Куклата сега е отстранета од плажата за да се спречи непотребното вознемирување на туристите, се додава во полицискиот извештај. Понатаму полицијата соопшти дека куклата била чувана во станицата на спасувачката екипа и дека сопственикот можел да ја собере таму.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.