Туристи сепак доаѓаат во Италија, но преку Швајцарија

Додека владите на некои земји-членки на ЕУ сè уште проценуваат дали да се отворат границите со Италија, со оглед на тоа што три месеци беше жариште на пандемијата на коронавирус, туристите веќе не можат да чекаат и наоѓаат начини да дојдат до своето омилено одморалиште.
За северните соседи, особено Австрија и Германија, летното одморалиште Jесоло, во близина на Венеција, е омилена дестинација. Многу Германци и Австријци, и покрај затворените граници, пристигнаа „инкогнито“ и веќе се половина од вкупниот број гости моментално, јавија италијанските медиуми.


За да ги заобиколат забраните, Германците и Австријците патуваат преку Швајцарија, која има отворени граници со Италија, а на враќање, според медиумите, ќе треба да одат по истиот пат за да го избегнат задолжителниот двонеделен карантин, мерка што се уште е во сила во Австрија и Германија за оние што доаѓаат или се враќаат од Италија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.