Општина Гази Баба го организираше треттиот по ред турнир во женска одбојка за јуниорки Гази Баба 2017, кој се оддржа во спортските сали Методија Андонов Ченто во н. Маџари и Крсте Мисирков во н. Ченто.
Првото место на турнирот им припадна на “Пелистер” од Битола, второто место на “Јанта” од Скопје и третто место освои “Панда” од Врање Р. Србија.

Екипи учесници на турнирот беа “Јанта” Скопје, “Виола” Велес, “Радан Лебане” од Р. Србија, “Форца Ема” од Скопје, “Пелистер” од Битола и “Панда” од Врање Р. Србија.
На турнирот присуствуваше градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски кој на првите три најуспешни екипи им додели пехари, а сите учесници добија дипломи.
04.12.2017



