Турскиот извоз лани достигна рекордно високо ниво од 262 милијарди долари, што е раст од 2,5 отсто на годишно ниво, објави во петокот претседателот Реџеп Таип Ердоган.
Надворешно трговскиот дефицит на земјата, кој во 2023 година изнесуваше 106,3 милијарди долари, е намален на 82,2 милијарди долари, рече тој додека беше во Истанбул, пренесува Anadolu Agency.
Коефициентот на покриеност на увозот со извоз достигна 76,1 отсто во 2024 година, што е зголемување за 5,5 процентни поени на годишно ниво, нагласи Ердоган.
Само во декември извозот на земјата се зголеми за 2,2 отсто на 23,5 милијарди долари, што е уште едно рекордно високо ниво, додаде тој.
Во однос на бруто домашниот производ (БДП) на Турција, Ердоган рече дека приходот по глава на жител на земјата, кој беше 13.243 долари во 2023 година, ќе надмине 15.000 долари во 2024 година и ќе надмине 17.000 долари во 2025 година.
Тој рече дека Турција има за цел да достигне раст од четири проценти во 2025 година, поддржан од нето-извозот и основните капитални инвестиции.
Турција, со раст од 2,1 отсто во третиот квартал, оствари позитивни стапки на раст во последните 17 квартали, потсети Ердоган.