Турција го укина карантинот, околу 1000 нови заразени

Турција го укина карантинот, околу 1000 нови заразени

Турција во неделата потврди 2.647 оздравени од коронавирусот, со што бројката достигна 137.969.

Во текот на изминатите 24 часа, пријавени се 23 нови жртви, со што бројот на починатите достигна 4.692, изјави министерот за здравство Фахретин Коца на Твитер. Здравствените работници тестираа 35.335 пациенти за вирусот во изминатите 24 часа, со што вкупниот број тестови е над 2,33 милиони.

Според резултатите од тестот, вкупниот број на случаи на КОРОНА во земјата достигна 170.132 со 914 нови инфекции. Во моментов, околу 274 пациенти се лекуваат на интензивна нега, покажаа податоците од министерството.

Свадбена прослава придонела за ново ширење на заразата во Иран

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.