Турција е подготвена да испорача струја на Сирија и Либан, а тим владини претставници веќе се во Сирија кои работат на тоа како да ги решат нејзините енергетски прашања, најави турскиот министер за енергетика Алпарслан Бајрактар.Турција, која ги поддржа бунтовниците во соседна Сирија кои го соборија Башар ал Асад овој месец по 13-годишна граѓанска војна, повторно ја отвори својата амбасада во Дамаск и веќе имаше контакти на високо ниво со новиот де-факто лидер Ахмед ал Шара.„Можеби електричната енергија што им е потребна на Сирија и Либан прво ќе ја задоволат со извоз од Турција“, рече Бајрактар.Се известува дека делегацијата на министерството допатува во Дамаск во саботата и, според претходните коментари на Бајрактар, ќе разговара за можната енергетска соработка, вклучително и за пренос на електрична енергија за да се олесни недостигот, пишува Ројтерс.Тој рече дека предвоената инсталирана моќност на Сирија од 8.500 мегавати паднала на околу 3.500 мегавати.„Огромното мнозинство луѓе ги задоволуваат своите потреби за електрична енергија со генератори, така што всушност има многу сериозна потреба од електрична енергија“, рече турскиот министер, додавајќи дека тимот разгледува како би можеле да се користат природните ресурси на нафта и гас.Инаку, претседателот Реџеп Таип Ердоган изјави дека Анкара ќе направи сè што е потребно за обнова на Сирија.Турција моментално обезбедува електрична енергија за делови од северна Сирија, каде што од 2016 година спроведе четири воени операции
Пронајдете не на следниве мрежи: