Турција ја преполови набавката на руска нафта

Турција ја преполови набавката на руска нафта поради ремонт на рафинерија во градот Измир. 

Намалувањето е за 50 отсто според податоци објавени од аналитичката агенција Клер. Турскиот увоз на нафта од Русија во август изнесувал нешто помалку од 200,000 барели дневно, а на почетокот на летото, месечната количина се движела меѓу 400,000 и 450,000 барели дневно, пишува „Комерсант“.

„Планираниот ремонт на рафинеријата во Измир почна на 5 септември и ќе трае околу два месеци, што значи дека набавките почнале да опаѓаат уште пред да запре производството“, изјави Виктор Катона од Клер.

Тој објасни дека ситуацијата не е критична за руските добавувачи, затоа што тие веројатно ќе ги пренасочат нафтените текови кон азиските пазари, особено во Индија. Поради инвазијата на Украина, Русија е под санкции. 

Пронајдете не на следниве мрежи: