Турчин донел мигранти од Египет во Македонија, меѓу нив и малолетници

СВР Велес поднесе кривична пријава против T.Ј.(44) од Република Турција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти’’.

На 21.03.2025 на регионален пат Неготино – Градско, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „рено клио“ со босанска национална ознака, управувано од пријавениот, при што биле пронајдени пет лица мигранти од Египет, од кои двајца малолетници.

Пронајдете не на следниве мрежи: