Уапсена иранската Анџелина Џоли- еве поради што ќе заврши зад решетки

Ѕвездата на социјалните мрежи Сахар Табар која е позната по тоа дека го смени личниот опис за да личи на славната актерка Анџелина Џоли е уапсена.
Била приведена на барање на судскиот Совет на Техеран, кој работи со „културолошки криминални дела и морална корупција“.
Сахар се соочува со обвиненија за богохулие, вклучувајќи насилство, заработка на пари на несоодветен начин и охрабрување на младите да се однесуваат коруптивно, информираше иранската агенција.


Инаку, Табар се прослави на Инстаграм минатата година, откако објави серија на фотографии од нејзиниот лик на кои се забележува драстичната промена на изгледот со пластични операции. Поголемиот дел од фотографиите и видеата кои ги објавува за нејзините следачи се радикално изменети за таа да личи на холивудската ѕвезда Анџелина Џоли.
Инстаграм е единствената социјална мрежа која е дозволена во Иран.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.