Двајца млади жители на скопското село Арачиново вчера се уапсени, откако со закана му одзеле пари и телефон на жител на Гази Баба, соопшти МВР.
„Вчера во 1:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода В.Н. (22) и С.Б. (27), двајцата од с. Арачиново, Скопско, затоа што на 08.12.2024 околу 22:00 часот на подрачјето на Гази Баба со закана од М.Н. (31) од Скопје одзеле пари и мобилен телефон“, велат од полицијата.
По целосното документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.