Уапсени се 15 лица на грчкиот остров Миконос по масовната тепачка во која загина едно лице

Грчката полиција денеска уапси 15 лица во врска со тепачката што вчера вечер се случила на островот Миконос, а во која загина еден маж, а друго лице се здоби со сериозни повреди.

Се очекува дека најмалку седуммина од уапсените ќе одговараат за кршење на законите за оружје, дрога и странци, пишува порталот Екатимерини.

Инцидентот во кој учествувале околу 25 пакистански државјани и во кој биле избодени две жртви, се случил зад ноќен клуб во Миконос.

По тепачката полицијата извршила проверки во пристаништето на островот и на аеродромот со цел да го идентификува и уапси извршителот на убиството, пишува грчкиот портал.

Пронајдете не на следниве мрежи: