Стефан Стојановиќ (11) и Милош Стојановиќ (21) се ранети денеска во Готовуша кај Штрпце кога без причина локален Албанец пукал во нив од возило во движење.
Во моментот на нападот, децата се движеле покрај патот и носеле новогодишни подароци кога напаѓачот отворил оган врз нив. Едното момче било застрелано во раката, а другото во рамото.
17.21 – УАПСЕН ОСОМНИЧЕНИОТ ЗА ПОВРЕДИТЕ НА СРПСКИТЕ МОМЧИЊА.
Коха диторе наведува дека е уапсен осомничениот за ранувањето на српските момчиња.
- По интензивна истражна работа, подрачната полиција Урошевац го идентификувала, а потоа го привела осомничениот А.К. (33) – соопшти косовската полиција.
17.18 – ОБЈАВИ ПОЛИЦИЈАТА
Косовската полиција потврди дека во петокот напладне во селото Драјковце во Штрпце биле застрелани две лица.
- Се сомнева дека во нив пукал лице од возило во движење кое сообраќало од Штрпце во правец на Урошевац. Осомничените го напуштиле местото на настанот – соопштија од полицијата и додаваат дека започнала истрага за потрага и апсење на осомничените.
Во моментов патот што води кон Штрпце е блокиран од двата правци.
17.06 – СРБИТЕ ГО БЛОКИРАА ПАТОТ
По пукањето на две српски момчиња во Готовуша кај Штрпац, локални жители од српска националност го блокираа локалниот пат меѓу Штрпац и Урошевац во знак на протест.
Како што наведоа, блокадата ќе трае додека напаѓачот на српските деца не биде изведен пред лицето на правдата, а ситуацијата во моментов е крајно тензична, пренесува Косово онлајн.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.