Родениот брат на пејачката Сека Алексиќ, Надџад Рамиќ (41) е уапсен вчера поради сомнеж дека се обидел да изнуди 2.000 евра од сопственик на продавница во Стара Пазова.
Тој му се заканил дека ќе му ги прати „Земунците“ доколку не му ги даде парите во форма на рекет.
Медиумите се сомневаат дека тој во повеќе наврати барал пари од истиот сопственик на продавницата, а во моментот на апсење во него биле најдени обележани пари во вредност од 500 евра.
-Ако не ми ги дадеш парите ќе имаш проблеми со криминалците и тоа со „Земунскиот клан“, му се заканил Рамиќ на сопственикот, дознава српски „Блиц“.
Инаку ова не е прв пат полицијата да се занимава со братот на познатата пејачка кој им е добро познат на истата.