Уапсен возачот на автобусот на „Ниш експрес“ кој се судри со воз

Возачот на автобусот на „Ниш експрес“ кој се судри со воз и во кој загинаа седум а повредени се 32 лица е сослушан во Основниот суд и одреден му е 30-дневен притвор. Возачот се бранел дека постапил според правилата во сообраќајот. Вели дека застанал пред пругата, погледнал лево и десно па потоа тргнал, а возот налетал ненадејно, тврдат неофицијални извори. Но, неговата изјава, исто така неофицијално ја демантира видоснимка од автобусот на која се гледа моментот кога автобусот ја преминува пругата, а возачот не погледнува ни лево ни десно, туку само право.
Возачот е осомничен за тешко дело против безбедност во јавниот сообраќај, за што според законот може да следува казна затвор во времетраење од една до осум години.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.