По добиена дојава хрватската полиција уапси вооружен маж, кој се шетал, па потоа застанал во близина на зградата во која живее хрватската претседателка Колинда Грабар- Китаровиќ. Апсењето е извршено од страна на припадници на полицијата со панцири и шлемови.
– Околу 15 часот добивме дојава дека непознато лице се шета по “Звонимирова“ улица со оружје. Со брза реакција на полицијата, тоа лице е уапсено, ставено под надзор и доведено во службените простории. Им благодариме на граѓаните за дојавата, изјавија од загрепската полиција.