Уапсен државниот секретар во Министерството за информатичко општество

Државниот секретар во Министерството за информатичко општество и администрација, Јахи Јахија вчера е уапсен, велат извори од истрагата. Јахи Јахија е кадар на ДУИ. ОД 2001- ва е во Агенцијата за администрација, а од 2011-та ја извршува функцијата државен секретар во Министерството.
Според првичните информации тој е уапсен заради земање провизија за тендер. Случајот е за делото злоупотреба на службената положба, а го води Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, на чело со обвинителката Вилма Русковска.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: