Уапсен државјанин на Косово кој пренесувал 113 мигранти во ладилник
30-годишен Косовец вчера е фатен како превезува 113 мигранти од Бангладеш, Индија и Мијанмар.
-Вчера околу 01.15 часот на автопатот Гевгелија – Демир Капија, кај клучката Миравци, полициски службеници го лишиле од слобода И.П.(30) од Косово поради тоа што при преглед во товарното возило „сканија“ и ладилник со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 113 лица мигранти (110 од Бангладеш, 1 од Индија и 2 од Мјанмар) стои во билтенот на МВР.