Шпанската полиција во Мадрид уапси еден од најбараните бегалци од листата на Европол. Станува збор за Хрват со иницијали Ј.М. кого полицијата го гони за кривични дела од 2019 година, пишува Euro Weekly News, а пренесува Јутарњи лист.
Хрватските власти распишале потерница по мажот откако учествувал во тепачка во која брутално претепал друго лице, кое се здобило со скршеници на коските и загубило заби. Тој, наводно, се обидел да убие уште еден маж со огнено оружје во Хрватска.
Бегалецот конечно беше пронајден благодарение на соработката на полициите од повеќе земји преку мрежата ENFAST – Европската мрежа на тимови за пребарување на бегалци.
Полицијата го пронашла во источна Шпанија откако добила дојава дека тој, голем дел од божиќните празници ги поминал на островот Ибица пред да се пресели во Барселона. Широка истрага, започната како дел од мрежата ENFAST, откако донесе шпански полицајци во Мадрид претходно овој месец.
Според соопштението, полициските службеници дознале дека мажот требало да се сретне со својата партнерка во хотел во центарот на Мадрид на 20 февруари. Полицајците успеале да го изненадат мажот и, како што рекле, да го приведат овој крајно опасен бегалец.
При апсењето, полицајците пронашле лажни лични карти меѓу неговите работи.
Пронајдете не на следниве мрежи: