Уапсен е возачот на српската војска, откако во сообраќајка починаа пет лица

Уапсен е возачот на српската војска кој управуваше со возилото кое денеска усмрти пет лица во близина на Ушќе, на патот помеѓу Краљево и Рашка. Денеска околу 13 часот и 20 минути се случила тешка сообраќајна незгода во која се судриле возило на српската војска и патнички автомобил, при што загинале пет лица, а едно е тешко повредено, соопшти српската полиција. Три лица од загинатите се деца.

Поради постоење основи на сомнение дека сторил тешко кривично дело против безбедноста на јавниот сообраќај, полицијата во соработка со Вишото јавно обвинителство Краљево го приведе возачот М.В.(54), кој управувал возило на војската на Србија , се вели во соопштението на српското МВР. Нему му е одредена мерка притвор во траење од 48 часа, по што со кривична пријава ќе биде изведен на понатамошна постапка во Вишото јавно обвинителство Краљево.

Вo кобната незгода загинале возачот и сопатниците во патничкиот автомобил Д.Л.(33), Л.Л.(10), Л.Л. (7) М.Л,(1) и Д.К.(27), додека со тешки физички повреди се здобила М.Л.(32). Српските медиуми пишуваат дека загинатите се татко и три деца, и уште едно женско лице кое било во автомобилот, додека мајката се бори за живот.

Пронајдете не на следниве мрежи: