недела, 29 ноември 2026
Најново

Уапсен косовски државјанин кој крадел струја во Карпош

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

На 29 септември 2025 година, околу 20:00 часот, полициски службеници од ЕВР Карпош го лишиле од слобода С.Н. (36) од Косово.

Како што информираат од МВР, акцијата следела по пријава поднесена на 1 јули од ЕВН Македонија за неовластено преземање електрична енергија. По преземени мерки било утврдено дека пријавениот, кој бил сопственик на продажен објект што претходно го изнајмил, незаконски користел електрична енергија.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

При службениот разговор било констатирано и дека лицето нема регулиран престој во државата, бидејќи дозволата за престој му истекла на 15 септември 2025 година.

Против С.Н. е поднесена кривична пријава по брза постапка до Основното јавно обвинителство – Скопје.

Поврзани вести