Приведен лидерот на ГРОМ-Стевчо Јакимовски

По налог на Јавен обвинител полицијата утрово го приведе лидерот на партијата ГРОМ и поранешен градоначалник на Општина Карпош, Стевчo Јакимовски. Тој се товари за злоупотреба на службената положба во новата истрага на Основното јавно обвинителство. Јакимовски е изнесен пред судија на претходна постапка, а Обвинителството бара притвор за него и за уште двајца вработени во општинската администрација.
Денес на распит освен тројцата приведени треба да се појават уште шестмина осомничени, за кои, според неофицијални информации се дознава дека се работи за бизнисмени од градежниот сектор.
Според првичните сознанија Јакимовски и осомничените се товарат за легализација на државно земјиште, кое подоцна било откупено по многу пониска цена. Според информациите до кои дојде “Телма“ првичната оценка на одделот за организиран криминал е дека со злоупотреба на положбата се проневерени еден милион евра, а тоа е разликата меѓу реалната цена и продажбата преку процесот на легализација.
Поранешниот градоначалник и лани во август беше приведен. Финансиската полиција, кај Јакимовски истражуваше во врска со три тендери, од кои два за општинските бараки и еден за плоштад во Жданец, и му беа определени мерки на претпазливост односно одземање на пасош.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.