Маж кој се сомничи дека украл сет голи фотографии од Северина Којиќ уапсен е во Хрватска. Полицијата се сомнева дека крадецот се занимава со високотехнолошки криминал.
Овие фотографии со брзина на светлината го преплавија интернет, а Северина уште веднаш случајот го пријави во полиција и изјави дека експлицитниот материјал по нелегален пат е во посед на непознат маж.
Тој го хакирал нејзиниот телефон и ги симнал фотографиите со порнографски содржини, кои многу брзо ги преплавија порталите и телевизиите ширум регионот.
Станува збор за фотографии од 2018 на кои јасно се гледа како пејачката во хотелска соба ги покажува голите гради во тоалетот и во спалната соба.
Фотографија која привлече најмногу внимание е онаа во која Северина лежи гола во кревет, а нозете и се наместени така што ги покрива интимните делови под струкот.