среда, 25 ноември 2026
Најново

Уапсен маж од Дебар – возел со 1,86 промили алкохол во крвта, па предизвикал сообраќајна несреќа

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Денеска (18.11.2025) во 01:33 часот на регионалниот пат Граничен премин Блато-Дебар, кај место викано „Шуланска раскрсница“, полициски службеници од ОВР Дебар го лишија од слобода П.П.(33) од Дебар.

Претходно, на патот се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген амарок“ со дебарски регистарски ознаки, кое го управувал П.П. и патничко возило „дачиа дастер“ сопственост на МВР и при преземање мерки по незгодата констатирано е дека П.П. е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,86 промили алкохол во крвта.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Полицијата соопшти дека е известен јавен обвинител и по негова наредба, лицето е лишено од слобода.

Поврзани вести