Уапсен маж со бензин и запалка во катедралата во Њујорк

Њујоршката полиција уапси 37-годишен маж со канистер со бензин и запалка во рацете како влегува во најголемата катедрала во Њујорк, Сент Патрик.
Бидејќи влегол пред 8 часот навечер во катедралата која се наоѓа на Менхетн, обезбедувањето му пришло и побарало да се легитимира. Тогаш забележале дека носи бензин во раката.
Веднаш го задржале и викнале полиција, по што е уапсен.


Подоцна во неговиот автомобил се пронајдени уште галони бензин, иако тврдел дека сакал да помине низ катедралата затоа што снемал бензин, па ја барал првата отворена бензинска пумпа.
Овој инцидент се случи само два дена по пожарот во Нотр Дам во Париз, поради што њујоршката полиција ќе истражува дали станува збор за обид за тероризам.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.