Уапсен македонски државјанин во Хрватска, возел без дозвола и направил директен судар со камион

Две лица се полесно повредени во сообраќајната несреќа што се случила пред два дена околу 16 часот и 40 минути на подрачјето на Лабин.

Несреќата се случила кога 32-годишен македонски државјанин управувал автомобил со пулски регистарски таблици, без возачка дозвола, од правец Лабина кон Раша, пренесува „Глас Истра“.

Поради непрописна брзина, возачот преминал на спротивната страна од коловозот, каде директно се судрил со камион со пулски регистарски број, кој од спротивната насока го управувал 45-годишен маж. Од силината на ударот автомобилот се превртел и удри во карпите. Во незгодата полесно се повредени двајцата возачи.

Возачот бил уапсен и предаден пред надлежниот Суд поради прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Пронајдете не на следниве мрежи: