Мигрантот, кој пред две недели е уапсен во Велика Кладуша, БиХ, е осомничен за убиство на пет лица во Македонија, откри во „Дневник“ на РТВ началникот на МВР за Унско-санскиот кантон, Мујо Коричиќ.
Во последните четири месеци во босанскиот кантон, кој се наоѓа на границата со Хрватска, се направени повеќе од 250 казнени дела како обиди за убиство, силувања, тешки кражби и слично, вели началникот.
Состојбата на границата измеѓу БиХ и Хрватска е непроменета, мигрантите се уште се наоѓаат на истата локација.