Српски Телеграф објави фотографија од апсењето на Нинослав Јовановиќ, познат како малчанскиот бербер. Тој, како што јавија српските медиуми, беше уапсен на гробиштата во неговото родно село, Малча.
На фотографијата се гледа како Јовановиќ лежи на земја, додека еден од полицајците го држи. Нинослав може да се забележи дека ослабнал, а така го опишале и престрашените соседи кои го сретнале денеска околу пладне во селото Малча, што веднаш ги мобилизираше полициските сили.
Тој на фотографијата е во валкана јакна, со кратка коса и запуштена брада.