Полицајци денеска го лишиле од слобода Ј.О. (34) од Скопје затоа што околу 11:30 часот на ул. „Џон Кенеди“ во Скопје, управувајќи мотоцикл „Пјаџо“ со скопски регистарски таблици, удрил во 10-годишно девојче.
– Со возило на Итна медицинска помош малолетничката е пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде и се констатирани тешки телесни повреди. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот, против Ј.О. ќе биде поднесена соодветна пријава- соопштија од МВР.