Пејачката Бебе Реџа во неделата одржа концерт во Њујорк, кој заврши со инцидент – некој од публиката фрли телефон кон неа и ја удри по главата, по што беше пренесена во болница.
Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber
По инцидентот, нејзината мајка откри дека пејачката дека добила три конци на лицето, а потоа и самата Реџа објави фотографии од своето повредено лице.
Таа сподели и видео на ТикТок на кое ги покажa повредите.
Како што објави претходно „Пипл“, виновникот за овој немил инцидент е веќе уапсен. Николас Малвања (27) од Њу Џерси е обвинет дека го фрлил телефонот кон 33-годишната пејачка. Тој бил уапсен на местото на настанот и обвинет за кривично дело напад, за користење на неговиот мобилен телефон како оружје.
Според канцеларијата на окружниот обвинител на Менхетен, Малавања не само што признал дека го фрлил телефонот, туку и изјавил: „Се обидував да видам дали можам да ја удрам по телефон на крајот од концертот бидејќи тоа би било забавно“.